Добредојдовте на Виртуелната академија за нетехнолошки иновации, која ја создадовме во рамките на проектот “Зголемување на конкурентноста на МСП во прекуграничниот регион преку промовирање и популаризација на нетехолошките иновации ” (InnoFoster). Академијата содржи 6 (шест) интерактивни модули за електронско учење, кои се достапни на три јазика – Бугарски, Македонски и Англиски јазик.

Многу компании се плашат од терминот “иновација” и ги сфаќаат иновациите како “премногу комплицирани”, “нешто, што не е за нас” или “ние сме премногу мали за иновации”. Една иновација може да биде како технолошка, така и нетехнолошка.

Нетехнолошките иновации како маркетиншките и организациските иновации, се релативно лесни за воведување во една мала фирма – преку обезбедување лесни совети за следење, насоки и примери од пракса.

Основната цел на Виртуелната Академија за нетехнолошки иновации е да ги зголеми знаењата и информираноста на бизнис претставниците т.е видовите нетехнолошки иновации и нивните основни предности.

За таа цел Ви подготвивме интересни и интерактивни модули за самостојно учење со различни примери од пракса, корисни совети, прашања за самооценување, а и.т. и бројни дополнителни ресурси, кои ќе Ви помогнат да ги направите првите чекори кон воведувањето на нетехнолошки иновации во Вашата фирма.